Зошто телефонот не треба да се полни цела ноќ?


За најголемиот дел од корисниците на памтени телефони, ноќта е времето кога се полнат батериите, па телефоните многу често остануваат приклучени на полначот во текот на целата ноќ. Сепак, експертите сметаат дека тоа не треба да се прави.

Давид Мекеј кој е професор на Кембриџ, тврди дека оставањето на телефонот приклучен на полначот дури и откако е наполнет не е добро за уредот.

iphone phone mobil11

Тој објаснува дека телефонот ќе се наполни за неколку часа, а останува поврзан со полначот во текот на целата вечер. Професорот тврди дека ако се вади полначот може да се заштеди на годишната потрошувачка на струја.

Студијата покажува дека полначот додека е во струја троши 0,26 вати. Кога мобилниот е приклучен на полначот тој троши 3,68 вати, а кога ќе се наполни телефонот, потрошувачката паѓа на 2,24 вати. Тоа значи дека толку ќе троши во текот на ноќта, сосема непотребно, пишува Phonearena.

Освен тоа, Мекеј тврди дека за батеријата на мобилниот не е добро да биде поврзана со полначот откако ќе се наполни до 100 проценти. Тоа го намалува животниот век, односно побрзо ќе се празни.

Според него, тоа најмногу се однесува на литиум јонските батерии што ги имаат најголемиот дел од паметните телефони. Тие не би требало да бидат приклучени на полнач откако ќе стигнат до 100% и додава дека за оптимално траење на батеријата, подобро е да се полни пократко по неколку пати.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1