Зошто украинскиот ловец Су-25 го следеше малезискиот авион?


Украинскиот авион-ловец Су-25 се наоѓал на три до пет километри од малезискиот „Боинг“ непосредно пред тој да се урне, изјави денеска членот на Генералштабот на руските Вооружени сили, генерал Андреј Картополов.

malezija--boing– Регистриран е премин на украински авион Су-25 во правец на малезискиот „Боинг“, кој тогаш бил оддалечен на три до пет километри. Авионот-ловец Су-25 може да достигне височина од 10.000 метри. Тој е вооружен со ракети „воздух-воздух“, кои можат да уништат цели на растојание до 12 километри и гарантираат сигурно уништување на цел до пет километри, истакна Картополов, кој е начелник на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб.

Тој нагласи дека тоа може да се потврди од видео снимки, добиени од Ростовскиот центар за набљудување.

– Сакаме да добиеме одговор на прашањето со каква цел украинскиот авион летал во цивилен коридор и на исто летечко ниво со малезискиот „Боинг“, објасни Картополов на прес-конференција во Министерството за одбрана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1