Зошто Велигден нема фиксен датум


Во православната црква, одбележувањето на Велигден е во корелација со одбележувањето на еврејскиот верски празник Пасха. Имено, смртта, погребувањето и воскреснувањето на Исус Хирстос се случиле по Пасха, па приврзаниците на православието сакаат Велигден секогаш да се слави по овој еврејски празник.veligden

Еврејскиот календар на празници се темели на соларните и лунарните циклуси, па секој празник се менува, а датумите се преместуваат од година во година. Во историјата, западните цркви го кристат Грегоријанскиот календар за да го пресметаат датумот за Велигден, а источните христијански цркви го користат Јулијанскиот календар. Ова е делумно причината зошто понекогаш датумот на велигден паѓа на ист ден.

Велигден и празниците поврзани со него не паѓаат на фиксен датум, ниту во Грегоријанскиот, ниту во Јулијанскиот календар, и тие се подвижни (менливи) празници. Наместо тоа, датумите се засновани на лунарниот календар, кој е многу сличен на хебрејскиот календар.

Иако некои источни православни цркви не само што ги одредуваат датумите за Велигден според Јулијанскиот календар, кој се користел за време на Првиот екуменски собор во Никеа во 325 г.н.е., тие исто го користеле и актуелниот (во тоа време) астрономски календар за одредување полна месечина и актуелната пролетна рамнодневица, како што се набљудувала по должина на мердијанот на Ерусалем. Ова го комплицира пролемот заради неточноста на Јулијанскиот календар и 13-те дена кои се предмет на расправии уште од 325 г.н.е. Значи, за да се остане во корелација со оргиналната табела воспоставена во 325 г.н.е. и со пролетната рамнодневица, православниот Велигден не може да се слави пред 3 април, кој според Грегоријанскиот калнедар паѓал на 21 март во 325-та г.н.е.
Покрај ова, во придржувањето кон правилото кое било воспоставено на Првиот екуменски собор во Никеа, источната православна црква се води според традицијата дека Велигден мора секогаш да паѓа по еврејскиот Пасха, затоа што воскреснувањето на Исус се случило по прославата на празникот. На крајот, православната црква излегла со алтернативно сметање на Велигден врз основа на Грегоријанскиот календар и на Пасха, и развиле 19-годишен круг, како спротивност на 84-годишниот круг на западната црква.

Уште од раните денови на историјата на црквата, одредувањето на прецизен датум за Велигден е предмет на континуирани дискусии. Според едни, следбениците на Исус Христос зне го запишале точниот датум на неговото воскресение, па оттогаш, овој проблем станува сè покомплексен.

Мама365.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1