„Зракот на смртта“ постои – ФБИ објави тајни документи за Тесла


Долги 73 години откако американската влада заплeни два полни камиони со лични работи на Никола Тесла, ФБИ објави доверливи документи.

Доверливите документи се објавени врз основа на Законот за слобода на информации и ги потврдуваат долго оспоруваните наводи дека ФБИ го запленил имотот на Тесла, но и откриваат дека владата на САД навистина била заинтересирана за неговиот „зрак на смртта“ – оружје кое Тесла наводно го осмислил.Mapa-Muzej-NIkol-aTesla

Документите на кои долго се чекало потврдуваат и дека ФБИ планирал да уапси член на семејството на Тесла за кој верувале дека сака да дојде до непроценливо вредните белешки на славниот изумител.

Станува збор за Саво Косановиќ, внук на Тесла, дипломат, подоцна и министер за внатрешни работи на Кралството Југославија.

Исто така, сите овие години се верувало дека никола Тесла умрел во 85-тата година од животот во својот апартман во хотелот „Њу Јоркер“ на 7 јануари 1943 година, но новообјавените документи наведуваат дека, всушност, умрел на 8 јануари, пишува „Индекс.хр“.

Меѓу документите може да се најдат и детали за тоа како американската влада го собрала целиот имот на Тесла, ги запечатила сите документи и ги донела во складиште на Менхетн.

Во тогашниот извештај се изнесува загриженоста дека, бидејќи Тесла бил натурализиран граѓанин на САД, можеби немаат право на неговиот имот, но сметаат дека би можеле да ги задржат материјалите од која било друга разузнавачка агенција „на барем два дена“.

Меѓу објавените документите е и писмото упатено до Едгар Хувер, првиот претседател на ФБИ, во кој се истакнува важноста на статијата во која Тесла зборува за зракот на смртта„ и неговото потенцијално „клучно значење“ за идните војни,.

Се препорачува Тесла „постојано да се следи, за да може тој да се заштити од „странските непријатели“ кои би можеле да бидат заинтересерани за „тајната на толку непроценлив инструмент“.

Други документи покажуваат дека внукот Косановиќ, кој Тесла „не го сакал“, се обидел да дојде до тие важни документи и нацрти. Федералното истражно биро тогаш стравувало дека тој ќе ги проследи „информациите до непријателите“.

Меѓу документацијата која се класифицира како разузнувачка, се наведува и описот на ситуацијата по смртта на Тесла, кога Косановиќ со соработниците ги земал работите од сефот на Тесла, а тука е и предлогот на ФБИ Косановиќ да се обвини за провала и да се уапси.

„…Речено ни е дека би требало да се осигура материјалот кој наводно го земал Косановиќ, бидејќи, доколку тоа навистина е голема тајна, од голема важност е да не стаса до весниците, каде што непријателите би можеле да добијат увид во материјалот“, се наведува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1