Звук од експлозија на снимката на ‘црната кутија’ од рускиот авион кој се урна во Египет


Записот од рекордерот од авионот „Airbus A321“ на руската воздухопловна компанија „Кигалимавиа“ кој со 224 патници и членови на екипажот се урна минатата саботи во Египет укажува дека се случила експлозија во авиони, која не е поврзана со дефект на моторот, објави француската телевизија France 2 повикувајќи се на еден истражувач, чијшто идентитет не го открива.

„Записот од ‘црните кутии’ на авионот овозможува да се слушне шум од експлозија, која се случила за време на летот“, го цитира телевизијата својот соговорник. Според него, „звукот не бил последица од дефект на моторот“ на авионот.crna kutija avion

Во вторникот извори од меѓународната комисија која ја декодира црната кутија изјавија за порталот Al-Masri al-Youm дека црната кутија од рускиот патнички авиони забележала пред самиот пад необични звуци во пилотската кабина, и оти сметаат дека причина за несреќата е неисправност во внатрешноста на авионот која се јавила непосредно пред падот кој се урна во на египетскиот Синајски полуостров

Изворите на арапскиот портал тврдат дека „причина за падот на авионот е дефект во внатрешноста на авионот кој се појавил пред неговото паѓање, што довело до негово налегнување на десната страна од кај опашот на авионот“. Со тоа, додал изворот, се отфрла можноста несреќата да е предизвикана од проектил или друго надворешно влијание. Сепак, тој не ја исклучува можноста дефектот да бил предизвикан од намерна постапка во авионот или бил предизвикан од технички причини.erbas-a

„Пред исчезнувањето на авионот од екраните на радарите забележани се звуци, што не е вообичаено во текот на нормалните летови“, рече во вторникот за руската агенција Интерфакс неименуван извор близок на истрагата во Каиро. Пред тие звуци, додал соговорникот, се водела нормална конверзација меѓу пилотите и контролата на летањето и ништо не упатувало на отстапувања или неправилности во врска со текот на летот.

Безбедносниот коментатор на американската телевизиска мрежа CBS News претходно објави дека снимки на американски сателит покажале топлински блесок во истото време, што би можело да произлезе од експлозија на бомба или на моторот на воздухопловот, или експлозија на горивото во резервоарот.

Претходно истрагата објави дека првите податоци од анализата на записот на црната кутија на авионот „Airbus A321“ на руската воздухопловна компанија „Когалимавиа“ покажале дека екипажот не испратил сигнали за помош до ударот во земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1