Ѓорѓиевски се напи вода од чешма за да покаже дека е безбедна – ширењето паника ќе заврши во МВР


„Јас одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже“ – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Денес на социјалните мрежи и помеѓу приватни групи, се шират пораки дека во водата во Скопје има бактерија, наводно Ешерихија коли.

Цел ден владее паника помеѓу скопјани, кои се советуваат да не ја консумираат водата од чешма за пиење.

По тој повод, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, свика вонредна прес-конференција.

На пресот тој вели дека станува збор за гласини со цел да се шири паника, што смета дека треба да биде казнето, а тврди дека водата во Скопје е безбедна за пиење.

Во дел од неговата изјава, градоначалникот вели:

„Оваа прес-конференција е во присуство и на директорот на Водовод и канализација, како и раководителка на Санитарна контрола при лабораторија на Водовод и претставник од градот Скопје.

Целта за свикување на прес конференцијата е тоа што, искрено, уште вчера имав информации дека од одредени центри се спрема момент во кој ќе се шири паника во градот Скопје дека наводно е присутна одредена бактерија во водата.

Пред некој ден започнаа со приказни на терен за опасност поради депонија на 30km од Скопје кај Рашче, што денес се чисти, но никој не спомна дека таму се наоѓа 30 години наназад депонијата.

Кога вчера го разбив тој меур од сапуница кој сакаа да го создадат, следно требаше да се шири паника и од утрово шират по групи во предшколска возраст во градинки, основни училишта и други Фејсбук групи, информации од некоја госпоѓа дека има присутно бактерија Ешерихија коли. Јас одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа.

Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен.

Првпат по долги години немаме проблем со водоснабдување во лето, ги саниравме навреме пропустите од минатото и сега немаме проблем. Затоа сега се шират лаги и дезинформации за да се створи паника во јавноста.

Од утринава сакам да ве информирам дека се сублимираат сите профили и лажни и приватни и уредно од страна на директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР, каде што барам да се постапи соодветно. Ова е организиран напад за ширење на хистерија во градот Скопје. Ова не е наивна работа.

Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже. Нашите структури од Водовод и лабораторијата, цело време работи за подобрување на состојбата со водата во Гостивар.

Нашата лабораторија на дневна основа прави по 36 анализи на вода, испитувања на примероци од различни локации.

Ако денес се 36 анализи од три општини, утре се зема од други општини, за да биде опфатена цела територија на Скопје.

Така што во однос на оној напад и ширење хистерија, сакам на скопјани да им кажам дека се безгрижни, а сега јас ќе се напијам вода од чешма.

Апелирам до граѓаните, да не се ствара хистерија, и јас и мојот 8-годишен син ја пиеме оваа вода, а во извештаите од анализите стои дека нема ниту ешерихија коли ниту каква било бактерија во водата“.

https://www.facebook.com/share/v/19XAhThYbv/?mibextid=wwXIfr

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1