12 год девојче се обесило поради малтретирање во училиште – оставила писмо до родителите


12 годишна девојка се обесила во нејзиниот дом, во својата соба – ја нашла постарата сестра 15 годишна. До телото на несреќното девојче имало и писмо за нејзините родители во кое се простува од нив и ги моли за прошка.

devojceГабриела Молина од Њујорк, е жртва на константно малтретирање од нејзините соученици. Се повлекла во себе а на крајот си го одзела животот. Телото го нашла нејзината постара сестра (15), откако по насила ја отворил заклучената врата. Како што е објаснето во самоубиствената белешка која нејзините родители одлучија да ја објават како апел и предупредување за сите родители –  таа не можела повеќе да издржи постојано малтретирање од пријатели во училиштето.

Тие ја нарекувале “курва”, ја тепале и и велеле дека изгледа како да има Даунов синдром.

Нејзините „пријателки“ од училиште дури и снимиле како ја тепаат и видеото го закачиле на  YouTube, Коментарите под него биле уште полоши и Габриела не можела повеќе да го издржи срамот.

devojce2– Се обидував да и ‘помогне и утешам, бидејќи видов дека станува се послаба, исплашена, но како и секој родител мислев дека не е ништо сериозно туку само кавга со другарките – тоа го имало и ќе го има. Ни на крај памет не ми беше колку е сериозно додека не го видов видеото, коментарите, пораките. Боже зар никој не ги контролира децата. Јас признавам оставив мислејќи дека се младешки кавги но ова боже е невозможно да излегува од волку мали деца – каде ни отиде светот, каде ни отидоа децата, каде ли учат такво однесување – напишал таткото во пораката до сите родители. Апелирајќи до нив да се повнимателни што им се случува на нивните деца во училиште, дека не е се „детска игра“

Во писмото за збогум, Габриела се извинува на своите родители, брат и сестра, и ги моли да и простат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1