4 загинати, 11 ранети – Напад на зградата на американската морнарица(ВИДЕО)


Најмалку четири лица се убиени, а 11 се ранети денеска во вооружен напад врз седиштето на американската Воена морнарица во јужниот дел на Вашингтон, соопшти локалнта полиција.

vas-puk-mor-02

Според зборовите на аналитичарот Рик Мејсон, вработрн во морнарицата, кој ги слушнал пукотниците, напаѓачот пукал од четвртиопт кат на зградата, кон луѓето кои седеле во кафитерија на првиот кат. полиција потврди дека извршителот на нападот  е убиен. Дел од ранетите се полицајци, а за останатите се претпоставува дека се вработени или посетители во објектот,

Во тек е полициски претрес во уште два објекти. Полицијата подвлекува дека нема потврдени информации за тоа дали има уште еден напаѓач, освен едниот што е убиен. Но, поради информациите што ги добила, врши претрес во овие објекти.

Нападот почнал утринава во комплексот Нејви Јард каде се наоѓа седиштетот на Главната команда на Воената морнарица  на САД и разни придружни административни служби. Детали за нападот засега не се познати.

vas-puk-mor-05

Целиот овој простор во јужниот дел на Вашингтон е блокиран со добро вооружени полициски сили, па дури и маринци, додека хеликоптери од полициските служби на сите околни градови учествуваат во потрага по напаѓачите и во пренесување на ранетите во болниците.

Во објект во близината на Командата на Воената Морнарица во тек е полициска рација во која специјалци одат од кат до кат во потрага по уште еден или повеќе осомничени напаѓачи. Од зградата се слушаат истрели, но полицијата информира дека тоа е затоа што специјалците во некои случаи со истрели ги обиваат бравите на заклучените врати.

Над овој дел на градот се забележани и воени авиони, кои се претпоставува дека служат за набљудување.

Очевидци на нападот и на потерата велат дека полицајци во еден момент трчале по крупен Афроамериканец. Полицијата ги претресува и легитимира и вработените во канцелариите, гаражите и низ улиците околу Нејви Јард, сомневајќи се дека можеби напаѓачи се преправаат дека се обични цивили.

VASINGTON PUKANJE MORNARICA

Телевизијата Ен-Би-Си пренесе изјава на жена која се нашла во Командата во моментот на нападот.

– Во најголем дел, многу семејства се јавуваа да не прашаат како сме. Ни рекоа дека не можеме да излезе. Маринци дојдоа и ни рекоа да ги кренеме рацете горе, не претресуваа мислејќи дека некој од нас може да е напаѓачот, изјави службеничка вработена во Команда, која додаде дека пред 12 години била во Пентагон, кога овој објект беше нападнат со киднапиран патнички авион.

– Бевме во кафитеријата и слушнавме пап, пап, пап и веднаш разбравме дека се работи за пукотници. Сите се вознемиривме и сакавме да излеземе, но бевме спречени, изјави друга жена-сведок на нападот.

Седум училишта во овој дел на градот се блокирани, без можност било кој да влезе или да излезе од нив. Летовите од аеродромот „Роналд Реган, кој се наоѓа во близина, од другата страна на реката Потомак, се запрени.

vas-puk-mor-03Белата куќа информира дека претседателот Барак Обама бил информиран за нападот и дека ја следи ситуацијата.

Поради периодот во кој доаѓа нападот, кога САД најавија, па се откажаа од напад врз Сирија, пукотниците во Нејви Јард покренаа шпекулации дека се работи за терористички напад.

Командата на американската Воена морнарица раководи со работата на повеќе бродоградилишта, воени бази и вежбовни центри, но не е директно вклучена во планирањето и водењето на воените операции.

Агенциите пренесуваат дека имало и друг напаѓач. Се уште не се знаат причините за престрелката која се случила утринава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1