Адвокат го тужи Израел за распнувањето на Исус


Кенијски адвокат Индидис поднел тужба против римскиот император Тибериј, Понтиј Пилат, еврејските старешини, кралот Херод, Република Италија и против Израел.

Kениецот Дола Индидис, адвокат и поранешен портпарол на Kениското правосудство, поднел барање до Меѓународниот суд на правдата во Хаг, во кое  тврди дека судењето и распнувањето на Исус биле незаконски и оти, меѓу другите, и државата Израел треба да биде повикана на одговорност поради тоа, пишува кенискиот весник „sitizen news“.

– Доказите денес се запишани во Библијата, а неа никој не може да ја дискредитира – вели Индидис.

Сепак, иако тие за кои тој сугерира дека треба да се најдат пред суд не се меѓу живите повеќе од 2.000 години, Ининдис тврди дека владата што тие ја претставувале може и треба да се смета за одговорна.

advokat tuzi za isus– Ја поднесов тужбата бидејќи моја должност е да го одбранам достоинството на Исус. Затоа се обратив до судот во Хаг за да побарам правда за човекот од Назарет – вели тој.

Ининдис ги именувал Италија и Израел во тужбата и ги доведува во прашање начинот на испрашување, обвинителниот акт, сослушувањата и пресудата; формата на казнување што била применета врз него во текот на судскиот процес и квалитетот на информациите употребени за да го осудат.

– Присутните му плукале в лице, го удирале со тупаници, го шамарале, го измачувале и прогласиле дека заслужил да умре. Јас ја поднесов тужбата како пријател – вели Ининдис, кој тврди дека Исус никогаш не добил можност да биде слушнат.

IsusТој е уверен во валидноста на својот случај со оглед на фактите и на вистината и се надева на успех, но и дека ќе го добие случајот додека е жив. Kако пример дека е процесот можен, Ининдис го посочува случајот на Јованка Орлеанка, историска личност од 15 век, која ги водела Французите до многу победи против Англичаните пред да биде заробена и запалена на клада. Четвртина век по нејзината смрт, папскиот суд ја поништил нејзината смртна пресуда, а во 1920 година Јованка Орлеанка била канонизирана.

Меѓународнииот суд на правдата пак со став дека нема јурисдикција за ваков случај. Тој разрешува спорови меѓу држави. Дури ниту теоретски не е можно да го разгледуваме овој случај – изјавил портпаролот на судот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1