Ако возите болни – казна 250 евра, 20 евра ако го оставите прозорецот отворен!


Ако досега мислевте дека во Македонија полицијата казнува за се’ и сешто, ќе сфатите дека баш и не е така откако ќе ги погледнете казните во Хрватска, на пример.

– Ако сте уморни или болни додека управувате со автомобилот (како ли полицаецот ќе го утрди тоа) ќе платите 250 евра казна.policija soobrakjajna kontrola 2 mk

– Ако возите со кал на гумите ќе платите околу 150 евра казна (добро, слична казна има и кај нас).

– Ако оставите отворен прозор од автомобилот откако излезете од него, ќе платите 20 евра казна, а исто толку ќе ве чини ако ги оставите клучевите во автомобилот и излезете од него или го напуштите а го оставите моторот да работи.

– Хрватите плаќаат казна од 20 евра ако излезат од автомобилот додека тој е во движење или ако ја отворат вратата додека се движат а казна од 75 евра се плаќа ако возите човек во камп приколка.
Затоа ако планирате зимава да заминете во Хрватска на одмор, имајте ги овие казни во предвид.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1