Атлетико Насионал јавно се откажа од пехарот – Чапокоензе е шампион на Копа Судамерикана


Јужноамериканската Фудбалска Асоцијација КОНМЕБОЛ веќе донела одлука титулата во „Копа Судамерикана“ да биде доделена на бразилскиот клуб Чапокоензе откако повеќемина од фудбалерите и стручниот штаб загинаа во авионската несерќа пред неколку дена во Колумбија.fudbaleriavion

Бразилскиот весник „Глобо“ тврди дека раководството на КОНМЕБОЛ ја донело одлуката, а на ваков чекор се решило откако и самиот противнички тим Атлетико Насионал јавно се откажал од пехарот и воедно противникот во финалето ја покрена оваа иницијатива.

Екипата на Чапокоензе ќе биде запишана како освојувач на Копа Судамерикана за 2016 годинаКако што е познато, на 1 декември требаше да се одигра првиот дуел во Колумбија, а потоа на 7 декември во Бразил да се игра реваншот. Сепак, до ваков натпревар не дојде бидејќи екипата на Чапокоензе доживеа авионска несреќа во која загинаа 71 лице од кои 19 фудбалери на овој клуб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1