Бејли: Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори


Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори. Во оваа фаза нема услови да се организираат избори на 24 април, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли пред Владата на Република Македонија. Според него направен е одреден напредок, но се уште нема договор за медиумите.

Бејли како можен датум за избори го спомена 5 јуни, но рече дека одлуката за избори треба да ја донесе Собранието.bejli

-Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори – посочи Бејли.

Во извештајот не се сугерира кога би можело да се одржат предвремените парламентарни избори, туку само се сугерира 5 јуни како датум што го споменале дел од партиите.

Амбасадорот вели дека меѓународната заедница ги охрабрува сите политички лидери да останат целосно посветени на Договорот од Пржино. Тој рече дека политичките лидери имаат обврска да ја вратат земјата на евроатланскиот пат.

Извештајот на САД и на ЕУ денеска на заедничкиот состанок им беше презентиран на тројцата лидери на ДУИ, СДСМ и ДПА. На средбата не присуствуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Извештајот вечерва го доби и премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев.

ДИК денеска не одговори на повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржи јавна седница на која би биле присутни по двајца членови на четирите политички партии за да се види каде се проблемите со прочистувањето на избирачкиот список.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1