Бев многу гладен, немав ни за лажица – познатиот актер прозборе за пеколот низ кој минувал


Андријан откри колку му бил тежок животот кога од родното Колашин отпатувал во Никшиќ, а потоа на студии по глума во Цетиње, каде во студенскиот дом, како што често знае да каже дека во „ најсмрдливата соба“ од целиот дом ги поминал своите најубави денови од младоста, а после тоа отпатувал за Белград.

– Еден од најтешките моменти ми беше дијализата на мојата мајка па после трансплатацијата на бубрегот, а и смртта на мојот татко беше многу тежок период за мене, вели во својата исповед познатиот актер.

За професијата морал да се бори сам..

– Тоа беше поинакво време, во 90-тите немав некоја друга алтернатива, тогаш мораш да одиш само напред. Тоа е добар начин затоа што преку врски или преку било што не сум успевал во животот, рекол актерот.

– Не ми беше срам ни весници да продавам. Знаев дека тие пари кои ќе ги заработам се многу попоштени отколку да ги направан на друг начин. Се трудам да им помогнам на младите глумци. Немам тука суета, ги сакам младите и талентираните луѓе. Лично тоа го доживував од некои прекрасни луѓе во мојот живот кои исто така ми помогнале – Милан Калиниќ, Јагош Марковиќ, Боро Стјепановиќ, Светозар Цветковиќ, кој ме повика да дојдам во Ателје. Тогаш добив осип од среќа кога ме викна да работам на преставата.

Кога Цветковиќ го повикал, театарот му изнајмил стан за да може нормално да живее во Белград.

– Прекрасни луѓе ми изнајмија стан и ми купија виљушки, лажици, чинии, се она што треба во домаќинството бидејќи не можев тоа да си го приуштам. Бескрајно сум им благодарен и ден денеска. Бев изразито гладен и тоа многу ми помогна во животот. Благодарејќи на тие ситуации денеска знам многу подобро да ценам одредени работи. Храната го успорува мозокот, раскажал Андријан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1