Бразил згазен и посрамен – Германија им даде 7 гола.. (Фото)


Петкратниот светски шампион Бразил доживeа незапамтен дебакл на вчерашното прво полуфинале на 20-то Светско првенство.Шок, неверување и солзи се лееја на зелено-жолтите трибини во Бело Хоризонте. Целата бразилска нација е ранета како никогаш претходно.

brazilГерманија фасцинантно поведе со 5 гола разлика за само половина час во полуфиналето со Бразил. Понижениот Бразил почна да тоне во 11-та минута, кога Томас Милер за првпат го совлада бразилскиот голман Жулио Цезар. Она што следеше подоцна, тешко може да се опише со зборови.

За само 6 минути игра, од 23-та до 29-та минута Бразил прими неверојатни четири гола. Прецизно во бразилската мрежа стрелаа Клосе, Кедира и Крос на двапати.

Надежта за пресврт уште еднаш беше срушена и во второто полувреме со дополнителни 2 гола за 10 минути, а само како извинување до сите фанови, во последните секунди Оскар го постигна единствениот гол за Бразил и конечен резултат од 7:1.

Бразилците никогаш во историјата не биле вака газени, како од германската машинерија, а интересно последен пат кога „кариоките“ примиле пет гола на еден меч е пред Втората светска војна. И тоа на третото СП, во 1938 година. Тогаш Бразил примил пет гола од Полска, но „кариоките“на крај се радувале на победа со 6-5.

На интернет веднаш се појавија фотографии на сметка на бламот на брзилската репрезентација – еве дел од нив

brazil 1 plan b na brazil novo zname brazil 10406663_758611267515005_4620819065969373924_n G111 BsDLMrwCAAIkFt4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1