Четири годишното дете од Неготино искасано од комшиско куче


СВР Велес соопшти дека четиригодишното дете каснато од куче денеска во осум часот во Неготино, претходно си играло пред куќата на дедо му и баба му во месноста викана „Калдрма”, непосредно до винарската визба „Повардарие“.kuce 54t

– Одеднаш играјќи си, влегло во дворот на соседот Б.Ѓ. и било нападнато од едното од двете врзани кучиња, при што било каснато повеќе пати во пределот на рамото и нозете и еднаш на главата, информираат од полицијата.

Откако видел што се случува, сопственикот на кучето го земал детето и веднаш го однел во Медицински центар Неготино, каде му била укажана прва медицинска помош.

Од страна на дежурниот лекар настанот бил пријавен во Полициска станица Неготино, а оттаму детето било пренесено во болницата во Кавадарци, каде лекарите констатирале дека детето е вон животна опасност и му пружиле соодветна медицинска нега.

За случајот е известено Oсновно јавното обвинителство во Кавадарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1