Деми Мур се веселела до зори со хитовите на Мирослав Илиќ


Холивудската актерка Деми Мур, која во саботата допатувала во Белград, секоја вечер со друштвото ги посетува белградските кафеани, од каде што излегува меѓу последните гости, пишува српски „Курир“.

Како што дознава српски „Курир“, холивудската актерка ја дочекала зората во една кафеана на Скадарлија.

– Вечераше со пријателите и многу добро се забавуваше. Се воодушеви од храната, особено од пршутата, сирењата, домашните врели лепињи… Друштвото на нејзината маса беше највесело, особено кога им се приближија тамбурашите. Таа не знаеше ниедна песна, но ѝ се допаднаа хитовите на Мирослав Илиќ. Ги свиреа песните „Девојка из града“, „Поздрави је, поздрави“ – тврди извор за „Курир“.

Деми Мур само замолила персоналот на кафеаната да не ја фотографира и да не бара селфи со неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1