Девојче силувано од нејзиниот братучед во Ресен


Вчера во 14.00 часот во НК КР Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа.siluvano-devojka-1
Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.

ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1