Џипот на Младенов лоциран според сигналот на мобилниот телефон


Неофицијално, возилото на новинарот Никола Младенов кој загина во сообраќајна несреќа било лоцирано по сигналот на мобилниот телефон што го поседувал сопственикот на „Фокус“, пишува Нова Македонија.

mladenov1Возилото е пронајдено денеска околу 12 часот во непрегледниот терен во близина на големата кривина на автопатот, кај клучката на влезот на Скопје, од правец на Велес. Тоа е превртено и се наоѓа во мала вдлабнатина со ниски растенија

Увидни екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител вршат истрага на местото на настанот и ги утврдуваат причините и времето кога се случила сообраќајката.

Информацијата за Макфакс ја потврдиле од редакцијата на Фокус.

Nova Makedonija

ЗАГИНА СОПСТВЕНИКОТ НА ФОКУС – НИКОЛА МЛАДЕНОВ
ФОТО – ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1