ДОСИЕ „ШПИОН“ – Кој е кој во аферата


Од дваестината осомничени за шпионажа најголемиот дел се припадници на безбедносните служби, непознати за пошироката јавност. Но, има и неколкумина јавни личности – кој се и што се анализира порталот ФАКТОР – каде може да ја прочитате комплетната анализа – ние ви пренесуваме дел:

cvetanov stojkov

1. Генерал Горан Стојков

Поранешниот генерал, кој пред десетина години веќе беше притворан за Раштански лозја и сомнителни набавки од 2001 година, е 11-то осомничен во случајот „Шпион“.  Неговата кариера беше метеорска за време на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, 1998-2002.. Во МВР засновал работен однос во февруари 2000 година, а во април 2001 година се здобил со чин мајор и бил унапреден во чин потполковник, за по кратко време, вонредно да биде унапреден во чин генерал мајор. Брзото напредување се должеше пред се на тоа што Стојков за време на конфликтот и по тоа беше Командант на единицата за брзи интервенции „Лавови“. Од функцијата си поднесе оставка кон крајот на 2002 година, поради како што рече тогаш, усно добиената наредба за намалување на бројот на Лавовите.

2. Ване Цветанов

cvetanov_third

Цветанов, кој сега има 35 години, стана познат на македонската јавност во 2006 година, кога од новата власт на ВМРО-ДПМНЕ беше именуван за директор на Управата за перење пари. На функцијата остана 4 години, се до 2010 година, кога не очекувано си поднесе оставка. Потоа одреден период беше надвор од земјава, но се врати пред околу две години и веднаш политички се активираше во партијата на Љубчо Георгиевски, ВМРО-Народна, и важеше за жесток критичар на власта. Во 2011 година против него МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба, бидејќи го оштетил буџетот за околу 12.000 евра. Дали и како заврши процесот, јавноста не дозна.

Сега полицијата го сомничи дека во 2011 година остварил контакт со првоосомничениот Марјан Ефремов и новинарот Зоран Божиновски, и предал доверливи документи кои не смеел да ги поседува.

aleksandar dinevski

3. Александар Диневски

Во 90-тите беше дел од информативниот центар на партијата, познат како КСИО. Инаку, тој речиси целиот свој работен век го поминал  како дел од безбедносните служби во Македонија, пред се во Службата за државна безбедност.

Тој е еден од познатите „осуммина од МВР“, кои пред распадот на Југославија ја најавија демократизацијата на земјава.

Тој последните години имаше сопствена приватна детективска агенција.

7488golema

4. Марјан Маџовски

веќе 8 години се наоѓа на многу висока позиција – шеф на Кабинет на Претседателот на Собранието. Прво, на сега покојниот Љупчо Јордановски во времето на СДСМ, па потоа, по промената на власта и на двајцата претседатели од ВМРО-ДПМНЕ – Љубиша Георгиевски и Трајко Вељановски.

Еден е од творците на законот за лустрација, за што добил околу 2.000 евра. Еве што за ова изјавил за еден од дневните весници:

“Зедов помалку од 150 илјади денари. За 15 илјади купив шпорет Беко, платив две рати во Стопанска банка за станбен кредит, што ме чинеше 300 евра. 15 илјади денари потрошив за сметки за комуналии, си купив капутче од 5.500 денари, и нешто ми остана. Жена ми е новинарка, не зела плата, имам три деца, и ако не беа овие пари јас немаше да преживеам до Нова година” – изјавил Маџовски.

5. Зоран Божиновски

Screenshot_1111Контроверзиниот новинар, кој веќе пет години не живее во Македонија, е последен на листата, но е најблиску до првообвинетите. Иако е далеку од земјава, веројатно во Белград, тој имал чести контакти со повеќето од групата. Осомничен е дека преку него се остварувале заканите за тие бизнисмени што не сакале да платат за уцените со компромитирачки документи. Божиновски во земјава имаше чести проблеми со законот, пред се тој за клевета и навреда. Има околу 70 кривични пријави.

Пред околу 10-тина години, тој во кумановското радио Тумба беше крвнички претепан. Заврши на интензивна нега со гипс на едната рака, скршени три прсти, левата дланка и подлактницата во лонгета, а од удар со кундак во темето на главата доби и пет конци.

Контроверзниот новинар минативе години го привлече и вниманието на балканските медиуми, со тврдењето дека Тоше Проески не загинал во сообраќајната несреќа.

целата сторија на – Фактор

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1