Драма на српската граница: Возач остави 106 мигранти да се задушат во камион


Камион со 106 илегални мигранти, меѓу кои биле и жени и деца пронајде унгарската полиција во пограничното место Морахал, во близина на српско-унгарската граница.

Очевидци од Морахал ги слушнале гласовите од камионот во кој мигрантите веќе почнале да се гушат.migrantiiii.jpg-500

-Беше страшно. Очајнички удираа и бараа помош. Миграните успеале да ја скршат вратата од камионот, а во тој момент стигнала и полицијата и ги привела 106-те луѓе од Сирија, Авганистан и Иран без валидни документи, велат мештаните.

Како што соопшти унгарската полиција, непознатиот возач барал по 1.500 евра по лице за да ги пренесе до Австрија.

Тој веројатно се предомислил и го оставил преполното возило на патот, па полицијата против непознат сторител поднела кривична пријава за криумчарење мигранти.

Мигрантите се предадени во надлежност на Имиграциската служба на Унгарија. Во изминатите 24 часа 1.516 луѓе илегално влегле во Унгарија, а од тие 95 се уапсени на територијата на жупанијата Бач-кишкун и Чонград, кои се граничат со Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1