Еден ранет на протестите против Трамп, демолиран џипот на новинарот Лари Кинг


Едно лице е тешко рането во текот на протестите против новиот американски претседател Доналд Трамп, а демонстрантите го демолирале возилото на познатиот новинар и водител Лари Кинг, кој сега работи за руската телевизија RT, пренесуваат медиумите.kola-zapalena-696x356

Како што пренесува американската телевизиска мрежа ABC News, лицето кое ранило со огнено оружје во стомакот друг маж во текот на протестите на Универзитетот Вашингтон, им се предало на властите.

Истовремено, познатиот американски телевизиски водител Лари Кинг, кој сега ја води емисијата Politicking на телевизијата со седиште во Москва RT, објави на Twitter дека неговиот автомобил бил уништен од страна на демонстрантите против Трамп.

„Демонстрантите во Вашингтон ги искршија прозорците на мојот изнајмен џип и на многу други возила. Работев во студиото во тоа време и добро сум, но мојот возач е малку исплашен“, напиша Кинг.

Приведени се 217 учесници на различните протести кои се одвиваат во петокот во Вашингтон во врска со инаугурацијата на 45-то претседател на САД Доналд Трамп, а во безредијата се повредени шест полициски службеници, соопштија властите.

Во текот на денот група од околу 500 маскирани лица неколкупати се судрија со полицијата. Вооружени со чекани и метални шипки кршеле излози на канцелариите на познатите американски компании и на возила, а палеле луксузни лимузини во центарот на американската престолнина, соопшти полицијта

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1