Еве како почна кампањата: Штабот на СДСМ во Аеродром измачкан со измет – Искршен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода


Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.
Кандидатот за градоначалник на оваа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски утрово го осуди инцидентот и рече дека се надева дека зад него не стојат политички опоненти.

Ноќеска е извршен вандалски чин во кој е оштетен еден од штабовите на СДСМ во Аеродром.

„Згрозени сме од чинот и начинот на кој бил извршен овој одвратен напад. Имено, во текот на ноќта еден од нашите штабови во месната заедница „Васко Карангелевски“, бил измачкан со измет. Дали ваквите чинови воопшто некаде во светот се пракса? Кој е поривот за ваков одвратен, нечовечки чин? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите и преплашени од тоа, делуваат целосно нерационално.
Уште еднаш повикуваме на фер и коректна кампања каде граѓаните правилно ќе се информираат за политичките понуди“, се наведува во реакцијата на ОИШ на СДСМ во Аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1