ФОТО: Сите момчиња на Тамара- Бертан, Матија, Никола…


Тамара Тодевска ја раскинала веридбата со Александар Димитровски – Мачка, но ова не е прв пат пејачката да каже “да”, па да се премисли.

Таа пред три години беше во голема љубов и со голманот Матија Мирков со кого неколку пати правеше фати-пушти, а дури и се верија.matija_thumb_medium500_305

И тоа на романтичен и интересен начин, кога Матија и го сервирал омиленото колаче мафин, а во него го ставил невестинскиот прстен. Тамара му кажа “да”, но и овие планови за убав заеднички живот пропаднаа, а Матија стана охридски зет, пишува ВЕЧЕР:

Вчера на сите портали одекна веста дека Тамара ја раскинала веридбата со Мачка и тоа среде подготовки за голема свадба на која требаше да бидат поканети 500 гости, невестата да се пресоблече во три различни фустани, а веќе најдоа и кум. Но нешто очигледно дека не излегло според планираното, па според добро упатени извори таа наводно си ги собрала работите и се иселила од заедничкиот дом каде живееше со свршеникот и се вратила во станот на мајка и.tamarai-macka-450x299

Пред инстант врската и веридбата со Мачка со кого во септември минатата година ја изненадија јавноста, Тамара долго време беше во врска со продуцентот Бертан Арслани. Наводно, не можела да го издржи притисокот на блиските кои сметале дека тие двајца не се еден за друг затоа што се од различна националност, па раскинаа.bertan_thumb_medium500_523

Пред тоа врска за која знаеше и јавноста беше онаа со српскиот колега Никола Буровац кој и беше дечко и со кого ја сними дуетската нумера “Маслине и вино”. Тогаш ја пропушти шансата како сестра и Тијана да стане белградска снаа. Љубовта со Никола пукна брзо откако ја снимија песната, па дури ни до спот не дојдоа, а тој потоа се ожени со пејачката Милена Вучиќ.nikola_thumb_medium500_458

Останува да почекаме и да видиме дали овој пат Тамара и Мачка ќе и дадат втора шанса на љубовта, или ќе си го пеат нејзиниот најголем хит “Готово е”, а Тамара ќе продолжи да го бара – вистинскиот.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1