ФОТО: Зголемено присуство на полициски службеници пред Собранието


Пред Собранието денеска е мирно, но со зголемено присуство на полициски службеници.sobranie5-640x360

Околу собраниската зграда се поставени метални барикади, а улиците се затворени за сообраќај. Пред главниот влез на собраниската зграда се поставени шатори на поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Во инцидентите што се случија синоќа откако група граѓани влегоа во Собранието по постапката што ја спроведоа СДСМ и албанските партии за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, како што информира МВР, се повредени 109 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1