Фрлале артефакти на буниште: Не знаевме дека си играме со оставина од македонска кралица


Kерамички предмети на кои беше вдлабната женска фигура со ѓердан качена на коњ, како и предмети од други материјали со исцртан женски лик наоѓавме како деца играјќи по ридот над селото, ни раскажуваше Борче Kочишки, жител на битолско Црнобуки додека н` водеше до археолошкиот локалитетот Градиште над селото каде што се претпоставува дека се остатоците од градот Линк, престолнина на кралството на Линкестидите. Од тој град потекло води и Евридика, мајка на Филип Втори и баба на македонскиот војсководец Александар Трети Македонски.

4F489069D4DA1F439080318F9588DE96

Во текот на годините селаните, не знаејќи ја нивната вредност, ги фрлале артефактите на буниште. Некои од постарите жители кои имале зачувани керамички предмети, ќупови или мермерни фрагменти, починале, па никој не знае каде завршиле предметите.

Веќе подолго време археолозите во Битолско трагаат по престолнината Линк од каде што потекнува лозата на Александар Македонски. Археологот Стевче Тодоровски ја застапува тезата дека Линк се наоѓал во битолското село Букри каде што била родена мајката на Евридика во четвртиот век пред нашата ера.

– Од родното место Евридика заминала на дворот во Пела. Од принцеза станала кралица. На Аминта Трети му родила три сина, Александар Втори, Пердика Втори и Филип Втори. Но, Аминта почнал многу да пие алкохол кога син му Филип го зеле Грците како заложник бидејќи ги напаѓал колониите кај Солун. Го држеле подолго време со закани дека ако ги напаѓа колониите, ќе му го убијат синот – вели Тодоровски.

За Евридика нема точни податоци кога и од што починала. Но, се претпоставува дека умрела пред сопругот Аминта, кој живеел од 393 до 369 година пред новата ера. Најверојатно е погребана во областа на Пела. Но, нејзината лоза продолжува да живее преку потомците, меѓу кои и големиот македонски император Александар Македонски, кој и бил внук.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1