Ѓорчев: Силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија


Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во ТВ Нова кажа дека владејачката партија останува на својата позиција, односно ВМРО-ДПМНЕ е за да се задржи уставниот поредок и унитарноста на Република Македонија.vlatko-gjorcev1-640x322

-На Македонија не и требаат процеси на дезинтеграција туку зачувување на унитарноста, економска стабилност, стабилизација и економски развој. Тоа е концепцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега и оние кои не се наклонети кон ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќаат формулата, а тоа е дека силно ВМРО-ДПМНЕ значи силна Македонија. Поголема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, повеќе пратеници, посилни преговарачки позиции за ВМРО-ДПМНЕ значат посилни позиции за Република Македонија, тоа значи поддршка на концептот за унитарност на Република Македонија и уставниот поредок и во било кои идни избори, изборни соочувања, без разлика дали се локални, парламентарни или било какви други, таа равенка е константна, вели Ѓорчев.

Целото гостување погледнете го во видеото во продолжение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1