Гостивар: Пронајдено исчезнатото 10-годишно детенце, еве каде било 10 часа


Завчера доцна вечерта околу 23.00 часот, А.Д. (36) од Гостивар пријавила дека нејзиниот 10-годишен син се вратил дома и дека, според неговото кажување, се шетал со другари низ Гостивар и дека од никого не бил насилно задржан.

Малолетникот, истиот ден околу 11.00 часот излегол од домот и десетина часови потоа воопшто не се јавил каде се наоѓа.

Поради тоа околу 21.20 часот неговата мајка А.Д. го пријавила случајот во Полициската станица Гостивар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1