Градоначалникот на Битола, Талески на распит во суд


Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, во понеделник е во Основниот суд Скопје 1 каде што треба да даде исказ како осомничен во случајот „Транспортер“, што против него го покрена Специјалното јавно обвинителство

Предметот „Транспортер“ го отвори Специјалното јавно обвинителство поради сомневање за незаконски тендери при организирање на транспортот на учениците од училиштата во регионот на Битола.Талески е првоосомничен во овој случај на Специјалното јавно обвинителство, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице.VladimirTalevski

Осомничените се товарат дека изработувале фактури со суми многу повисоки од договорените, а тие биле одобрени од директорите на училиштата. Наплатата била направена во 2012 до 2014 најчесто преку цесии оти им биле блокирани сметките поради неплатен превоз.

Битолскиот градоначалник е дел од групата политичари и нивни соработници, за кои, по целосното поништување на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, СЈО побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, поради кривичните постапки што се отворени против нив.

Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1