Грчките медиуми за средбата Ердоган – Иванов


„Заедничка позиција Иванов -Ердоган против грчките позиции“; „Негативен во однос на промената на Уставот, претседателот на Скопје – Поддршка од Ердоган“; „Удар од Иванов – Ердоган за македонското прашање“; „Поддршка од Ердоган за ПЈРМ, Иванов: Задирање во прашања како идентитетот и Уставот го отежнуваат решението“; „Ердоган и Иванов фрлаат оган во преговорите со провокативни изјави“, се само дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната средба на македонскиот со турскиот претседател во Анкара, јавува дописникот на МИА од Атина.

Ставовите на Реџеп Тајип Ердоган и на Ѓорге Иванов, не останаа незабележани од онлајн изданијата на медиумите во Грција, но без дополнителни новинарски коментари и анализи.

Речиси сите онлајн изданија, го презедоа текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Средба Ердоган – Иванов со осврт на прашањето за името на заедничката прес конференцијата“, во кој се пренесени изјавите на двајцата претседатели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1