Груевски: Заев не само што нема да биде премиер, туку нема да биде градоначалник ни по изборите во мај


Заев вели дека се збогатил во време на ВМРО-ДПМНЕ и многумина помислија дека тоа е поради добрите услови кои ги воспоставивме и се создаде добра бизнис клима. Но не, тој се збогати кога стана градоначалник. Стана милионер откако стана градоначалник. Заев не само што нема да стане премиер на Македонија, туку по локалните избори во мај, нема ни да биде градоначалник на Струмица, порача од Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски.gruevski-resen

Додаде дека во изминативе 11,5 години како што е градоначалник на Струмица, видовме како тој практицира политика.

-Треба да се знае дека тој со себе носи цел пакет, Вицето и неговиот начин на работа и управување. Како работи во Струмица така ќе работи и на ниво на Македонија. Ако бизнисмените во Струмица давале рекет, тоа ќе го бара и од бизнисмените на ниво на Македонија. 1 евро за државата и 1 евро за Вицето, рече Груевски.

Струмичани, додаде Груевски, се спремаат да го тргнат од градоначалник во Струмица, разочарани од него, а тој сака да стане премиер на Македонија. Таков човек не заслужува ниту Струмица ниту Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1