Гвинет Палтроу, Мира Сорвино и Анџелина Џоли го обвинуваат Вајнстин за силување


По истражувачкиот текст што беше објавен во „Њујорк тајмс“ минатата недела, во текот на изминатите неколку дена, 29 жени досега изнесоа во јавност обвинение дека легендарниот продуцент Харви Вајнстин сексуално ги злоставувал.

Меѓу нив се и неколку славни американски и странски глумици, но и новинарки, сценаристки, асистентки и секретарки. Неколку од нив го обвинија за силување што Вајнстин категорично го отфрла. Дали станува збор за холивудска хорор приказна или, пак, честа приказна за Холивуд, за еден од најголемите филмски магнати кој вршел притисок на жени барајќи сексуални услуги.

Сценаристката и поранешна глумица Луизет Гајс изјави дека се состанала со Вајнстин со цел да разговара за сценариото кое го напишала. Таа вели дека се чувствувала немоќна.

– Ми беше многу јасно, а и ми беше нагласено дека доколку кажам нешто, голем број адвокати ќе ми бидат на врат и никој нема да ми верува мене, наместо на Вајнстин, наведе таа.

Бројот на жени кои излегуваат во јавност со обвиненија на сметка на Вајнстин се зголемува. Меѓу нив се и добитничките на Оскар Гвинет Палтроу, Мира Сорвино и Анџелина Џоли. Италијанската глумица Асија Арџенто тврди дека Вајнстин ја силувал.

Моќниот продуцент е отпуштен од страна на неговата компанија, но неговиот портпарол наведе дека Вајнстин никогаш немал сексуални односи без дозвола ниту со една од жените кои го обвинија.

Магазинот „Њујоркер“ исто така објави извештај во кој се наведува дека постои аудио-снимка на која се слуша Вајнстин како признал дека допирал една италијанска манекенка без нејзина дозвола.

Обвинителството во Њујорк видеото го нарекло ужасно, но недоволно да се докаже кривично дело.

Сопругата на Вајнстин, модната креаторка Џорџина Чекмен го напушти по 10 години брак, а од него се дистанцирале и бројни ѕвезди и политичари од Демократската партија за која Вајнстин беше голем донатор.

Хилари Клинтон истакна дека е „шокирана и згрозена“ со објавените откритија, а поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел исто така изразија „вџашеност“.

Сега останува прашањето колку соработниците на Вајнстин знаеле за неговото однесување како и дали му се заканува апсење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1