Хакиран сајтот преку кој германската полиција добива податоци за нападот во Берлин


Германската Сојузна криминалистичка полиција денеска потврди дека непознати напаѓачи успеале да го хакираат веб сајтот преку кој од граѓаните беше побарано да достават информации за можните сторители на терористичкиот напад во Берлин.

Според полицијата, сајтот бил урнат вчера во периодот од 17 до 17 и 30 минути, при што граѓаните не биле во можноста да испраќаат слики, видеа или какви било информации за трагичниот настан и евентуалните напаѓачи, со што би се олеснила истрагата.berlin

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според полицијата, се работи за т.н. ДДОС напад, односно испраќање на огромен број на податоци на сајтот во исто време што ги блокираат серверите и тој не може да функционира.

Оневозможување на работата на сајтот и спречувањето полицијата да добие корисни информации од граѓаните, најверојатно требало да му даде време на напаѓачот да го напушти Берлин.

Експертите проценуваат дека хакирањето на сактот покажува оти нападот во Берлин бил добро организирана операција во која се вклучени голем број на луѓе и ресурси, а не индивидуален чекор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1