Инвазија од комарци во Славонија (Фото)


Во цела Славонија, а посебно во поплавените подрачја, голем проблем се комарците. Иако се преземени мерки за нивно сузбивање, во некои места буквално ги прекриваат ѕидовите од куќите Приложената фотографија објавена е на Фејсбук и ја прикажува внатрешноста на една куќа.

-Еве вака изгледаат селата што беа зафатени од поплавите, напиша еден од мештаните на Фејсбук.
komarci vo slavonija

Членот на Кризниот штаб на Министерството за здравство, Дамир Важаниќ вели дека секојдневно се спроведува мониторинг на комарците по што се носат мерки за нивното сузбивање.

-Моментално се спроведува топло замаглување. Според проценката на експертите кои го спроведуваат мониторингот, тоа е најдобро за наведеното подрачје, вели Важаниќ.

Министерството за здравство на Хрватска пред неколку дена соопшти дека спроведено е воздушно прскање на комарците.

komarci vo slavonija2
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1