Кого се кодошел Божин Павловски?


Академик Божин Павловски не го помина лустрацискиот филтер. Во решението кое што Комисијата го објави на својата веб страна стои дека во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи постои електронски запис дека во 1986 година Павловски бил ангажиран за соработка, пишува Денешен.

Кого кодошел?

boozinОд документите кои вчера ги објави Курир, може јасно да се види дена тој го кодошелПетре М. Андреевски. Освен него уште звучни имиња се на списокот на жртви од кодошењето на Божин Павловски.

Во документите се гледа дека предмет на кодошење е и  Љубиша Георгиевски . По функциите се гледа дека Павловски ги кодошел и Гане Тодоровски и Симон Дракул.

Овие моќни имиња на големи великани биле жртви на кодошењето на Павловски. Со ваквиот начин на однесување, академикот нанел огромна штета наголеми автори.

Како кодошел?

Тајните служби за него забележиле дека тој е доста нестабилен и дека речиси за секоја работа во литературата има свое мислење. Тој изнесувал дека романите на одреден писател не биле вредни, за друг писател дека земал најмногу хонорари и дека бил најголем борец за хонорар и дека во Македонија немало писатели како и тоа дека ниеден од нив не работел.

Во објавените документи се гледа дека Павловски изнесувал детали од разговорите со своите колеги писатели. Така во приложениот документ добро се гледа дека тој на службите им изнел детали од разговорот со одреден Ј. каде и директно му се заканил дека е „способен и да уништи човек и дека тој како личност стои на стаклени нозе“.

Покрај тоа што Павловски ги оценувал литературните дела на дел од своите колеги како „лук и вода“, тој пред службата изнесувал и дека старите писатели ја користеле својата положба и на тој начин печателе книги и дека ги држеле сите позиции. Нивната поезија и проза била безвредна и носела штета за литературата.

Извор – Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1