Македонија може да стане трета албанска држава или четврта муслиманска држава во Европа, моите идеи за етнички држави на Балканот веќе ги напуштив, македонската власт е просрпски ориентирана, парадоксално е тоа што Македонците не си ја признаваат бугарската етничка врска…Ова се делови од интервјуто на Љубчо Георгиевски, претставен и како човек со бугарско државјанство и потекло за бугарскиот весник „Пресе“, а го пренесува МКД.МК
Во интервјуто за весникот Георгиевски вели дека веќе не е поборник на идејата за создавање на етнички чисти држави на Балканот.
„Да, оваа идеја сакав да се реализира на балканска конференција на која сите држави ќе ја дадат својата согласност и тоа да биде чекор кон мирот, а не да се соочиме со војна… Ако денес ја анализираме ситуацијата, ќе видиме дека процесите не се тргнати напред. Босна постои само на хартија, таму реално државата не функционира. Косово сеуште е поделено и продолжува да создава проблеми меѓу Албанците и Србите. Македонија е во перманентна нестабилност, чиј опстанок денес зависи само од добрата воља на Албанците. Сфатив дека мојата идеја не може да проработи и веќе не сум активен нејзин поборник. И во исто време не верувам дека освен преку севкупно разбирање , ситуацијата на Балканот нема да може да се смири“.
За демографските процеси во Македонија, Георгиевски вели дека за 7-8 години Македонија ќе стане музлиманска, а за 15 години ќе стане албанска држава .
„Кој сака да гледа стратешки на Балканот, треба да го има предвид фактот дека во 2020 година ќе треба да ја третира Македонија како четврта муслиманска држава во Европа. И ќе ви кажам уште нешто – дотогаш проблемот ќе биде наш, македонски, а после проблемот ќе биде балкански и европски“.
Повеќе овде.