Македонија гласа: Вкупно 1.784.416 граѓани со право на глас


Во Избирачкиот список запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Во земјава ќе гласаат 1.531.368 граѓани. Изборите ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и во 46 во седмата изборна единица што ја опфаќа дијаспората.izborni_edinici-640x526

На посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.Тие ќе можат утре да гласаат во земјата со лична карта или патна исправа.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1