Македонија не пушта економски мигранти – ја блокираа пругата меѓу Македонија и Грција


Состојбата на јужната гранична линија е стабилна и под целосна контрола. Од МВР информираат дека  бегалците кои доаѓаат од земјите со воен конфликт односно Сирија, Авганистан и Ирак се пропуштаат без проблем додека за останатите влезот и понатаму не е дозволен.migranti gevgelija makedonija policija

И покрај договорот  во Брисел Грција и понатаму не прави селекција на мигрантите кои доаѓаат на нејзина територија и ги пропушта сите до нивниот прифатен центар на македонско грчката граница од каде ги упатува кон Македонија. Ваквата состојба придонесе над 1000 економски мигранти  кои доаѓаат од земјите каде нема воена криза како што се  Непал, Бангладеш, Либан, Конго Мароко и други земји од Блискиот Исток и Африка и денеска да останат на грчка територија бидејќи по примерот на Србија, Словенија и Хрватска македонските власти пропуштаат единствено бегалци од местата со воена криза.

Мигрантите на кои не им е дозволен транзитот низ македонска територија одбиваат да се вратат назад и остануваат да кампуваат на границата со надеж дека одлуката сепак ќе биде променета. И покрај напнатата атмосфера во одредени периоди состојбата е стабилна и под целосна контрола.

За разлика од економските, бегалците кои пристигнуваат од воените подрачја по влезот во државата се упатуваат на регистрација во прифатниот центар каде од страна на мобилните тимови на црвениот крст и претставниците на другите невладини организации ја добиваат неопходната прва помош, храна, облека и хигиенски пакети по што им се обезбедува превоз кон северниот дел на државата.   Според податоците на МВР до синоќа на полноќ биле издадени вкупно 4840 нови потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1