Мали трикови за многу пари- секогаш внимавајте на овие работи!


Секогаш ви недостигаат пари? Немојте да се грижите веќе! Со помош на овие мали трикови, ќе дојдат подобри денови за вас.

Паричникот е еден од работите без кои никогаш не излегуваме од дома. Поради тоа во народот е врежано верувањето како дополнително да се подобри „работата“ на паричникот. Дури и ако сте од тие што не сакаат да го носат, тој сепак може да ви донесе среќа со парите и тоа така што во него постојано ќе чувате пари, редовно од него ќе земате, но и ќе враќате пари.NOVCANIK

За другите што не се делат од паричникот, народното верување советува: Што се однесува до бојата, жените би требало да носат златни или црвенозлатни паричници, бидејќи црвената е огнена боја, а златната, па таа е боја на златото. Огнот го топи металот, па според тоа вашиот паричник, според овие совети, би требало секогаш да биде полн со пари. Мажите, пак, би требало да носат кафени паричници со златни детали, поради тоа што земјената боја означува стабилност, па со тоа и таквиот паричник би требало да обезбедува стабилни приходи.Народното верување, исто така, налага паричникот секогаш да си го купите сами, за да ја избегнете лошата карма, која преку него може да ви ја проследи тој што ви го подарува. Доколку, пак, сте решиле да прифатите паричник на подарок, во него би требало да има и некоја банкнота.

Кога сте ги исполниле претходните услови, време е во паричникот да ставите и пари. Многу е важно банкнотите да бидат уредно сложени за да не ја блокираат енергијата на вашите финансии.

Покрај тоа, во партичникот никогаш не носете сметки, било да се платени или не, бидејќи со тоа ќе ја влечете енергијата на плаќање.

Како и да е, треба да бидете горди на паричникот и во него секогаш да имате пари, бидејќи тоа повикува прилив на уште пари.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1