Малолетен бегалец планирал бомбашки напад- преку мобилен бил во контакт со ИД


Сириски бегалец на возраст од 16 години денеска е осуден на казна затвор од две години, период кој ќе го мине во малолетничка воспитна институција, соопшти Судот во градот Келн.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Судот во Келн го осуди сирискиот малолетник под обвинение дека планирал да изврши бомбашки напад во име на групата Исламска држава (ИД).terorist-maloleten

Според пресудата, малолетникот подготвувал „сериозен акт на насилство што ја загрозува дражвната безбедност“. Тинејџерот, чии иницијални не се објавуваат согласно германските закони, беше уапсен во центар за прифат на бегалци во Келн лани во септември, а судењето за тероризам започна во февруари годинава.

Полициските информации покажуваат дека осудениот преку мобилен телефон бил во контакт со припадници на ИД надвор од земјата и изразил согласност да спроведе бомбашки напад. Во една од пораките пронајдени во неговиот телефон била пронајдена прецизна инструкција за изработка на експлозивна направа.

Според образложението на Судот, затворската казна од две годинни во малолетничка институција е релативно блага поради тоа што нападот бил во многу рана фаза, при што јавната безбедност не била директно загрозена.

Тинејџерот во Германија влегов во 2015 година како дел од 900-те илјади бегалци, а во полиција го пријавиле жителите на прифатниот центар каде што престојувал и вработените кои изјавиле дека тој бил радикализиран во локалната џамија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1