Малолетник (15) од Волково брутално претепан пред својата девојка


Ноќеска во 03,00 часот С.К.(41), пријавил дека на претходно околу 21,30 часот на ул.“101“ во с. Волково, физички бил нападнат неговиот 15 годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години.

Имено додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1