Мапа на држави во Европа за кои ви треба вакцина


Листата на потребни работи кои треба да ги преземете пред да патувате е многу поголема од самото пакување за одмор. Секој патник треба да ги земе во обѕир клучните фактори: дали е потребна виза за одбраната држава, пасошки закони и закана за безбедноста на одбраната дестинација за одмор.

Еден задолжителен услов за влез во некои земји е да бидете соодветно вакцинирани.1 vak

Express ги обележа овие држави во Европа каде што ви е потребна имунизација пред да слетате на нивна територија.

Ако немате потврда може да ви се случи да бидете вратени од аеродромот.

Според НЗО на Велика Британија постои голем број на вакцини кои можеби ќе ви требаат кога патувате во странство.
Ако сте се упатиле на Малта ќе треба да докажете дека сте примиле вакцина против жолта треска.

Националната здравствена организација на Велика Британија (НЗО) вели: „Потребна е потврда за вакцинација од жолта треска стара девет месеци, ако доаѓате од област со ризик од пренесување на жолта треска, а и за патниците кои во текот на девет месец престојувале повеќе од 12 часа на аеродром во земја со ризик од пренесување на жолта треска.

Наведено е врз епидемиолошка основа дека доенчиња под девет месечна возраст се предмет на изолација или надзор ако доаѓаат од област со ризик од пренесување на жолта треска“.

Ќе бидете изложени на слични правила при влез во Албанија.

НЗО објаснува: „Потврда за вакцинирање од жолта треска се бара за патниците ако во текот на една година сте биле во области со ризик од пренесување на жолта треска“.1 vakcini

Нема да ви бараат потврда дека сте вакцинирани против жолта треска во останатите земји во Европа, но постојат голем број на други потребни вакцини што се препорачуваат за патување.

За поголемиот дел од земји наведени на оваа листа се препорачува вакцина за хепатитис А.

Земји кои бараат потврда дека сте вакцинирани против хепатит А се Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија.

За Латвија не ви треба вакцина за хепатитис А, но затоа се препорачува вакцина против дифтерија.

Вакцина за патување се препорачува за многу земји во Европа, но тука се и Турција и Црна Гора.

Ќе бидете предупредени да се вакцинирате против хепатит А и тетанус ако патувате во Албанија, Азербејџан, Молдавија, Романија и Турција.

Ако сте се упатиле кон Русија ќе треба да ве боцнат против дифтерија и хепатитис А.

За Украина се препорачува да се добијат инјекции за дифтерија, хепатитис А, детска парализа и тетанус.

Постојат неколку вакцини за патување кои се бесплатни, меѓу нив се тие против дифтерија, полио и тетанус (комбинирана), тифус, хепатитис А и колера.

Препорака е да размислите за вакцина против мали сипаници, ако не сте претходно имунизирани, поради неодамнешната голема епидемија во Европа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1