Марихуаната во медицински цели пред пратениците


Владата на Република Македонија во Собранието на Република Македонија ги поднесе најавуваните измени и дополнувања на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, или во јавноста познат како „Закон за легализација на марихуаната во медицински цели“.marihuana2

Целта на измените во Законот е да се овозможи одгледување на коноп и користење на екстракти од коноп за медицински и научни цели, а, како што се арументира во законското образложение, со легализацијата на производите од канабис јасно и недвосмислено ќе се дефинираат условите на производство, контролата и прометот.

„Имајќи ги во вид најновите научни и медицински сознанија за употребата на препаратите од коноп во медицински цели, како и фактот дека сѐ повеќе болни во Република Македонија ги купуваат на црно, се наметнува потреба за регулирање на одгледувањето, преработката, прометот и пропишувањето на препаратите на база на коноп во медицински цели“, вели предлагачот на Законот, Владата на Република Македонија, во образложението на законските измени.marihuana-1

Употребата на овие растенија во традиционалната медицина е документирана во голем број земји во светот за третман на затегнати (згрчени) мускули, конвулзии, астма, депресија, болка, гадење и повраќање, како и за стимулација на апетитот. Дел од светскипознатите фармацевтски компании денес, пред повеќе од еден век биле меѓу првите продавачи на медицинска марихуана“, се вели во образложението.

Канабисот, се посочува во образложението на законските измени, е еден од најбезбедните лекови достапни денес, а литературните податоци потврдуваат дека речиси и да не постои летална доза на канабис.

На болниот, се додава во образложението, не смее од страна на неговиот лекар да му се одземе правото на релевантна медицинска информација, како и правото на избор – дали ќе се лекува само со конвенционални лекови (медицина базирани на докази), или ќе прифати и лекување со канабис, секако, доколку примената на канабисот е индицирана за конкретното заболување.

Повеќе прочитајте на Академик.мк

ТЕКСТ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ ВО МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ: Дефиниции на коноп и масло од канабис, начин на одгледување, производство и казни

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1