Марин апелира до граѓаните да не оставаат отров по нападот на ротвајлерот во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, испрати апел до граѓаните да не оставаат отров на јавни површини откако синоќа ротвајлер во Ново Лисиче нападна и испокаса случајни минувачи, при што со повреди се здобија девет лица.

„Апелирам до граѓаните да не преземаат мерки против заскитани кучиња на своја рака. Отровите на јавните површини се опасни за сите, а насилството има секогаш лоши последици. Екипите на Град Скопје, односно ЈП Комунална хигиена ја следат ситуацијата на терен и се секогаш подготвени за интервенција“, напиша Марин на својот фејсбук профил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1