МКФ одлучи: Нема во продажба билети за мечот Македонија – Косово


Македонската кошаркарска федерација ја извести македонската спортска јавност дека по одржаните состаноци и консултации со надлежните органи била донесена одлука, од безбедносни причини, билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово да не бидат пуштени во продажба.

Нашите кошаркари за два дена ќе го играат клучниот меч од претквалификациите за СП 2019 во Кина, а МКФ одлучи да нема билети за средбата.

„Македонската кошаркарска федерација сака да и се извини на сета спортска јавност поради ваквиот развој на настаните со кој им се ускратува можноста на оние кои сакаа да го проследат овој натпревар од трибините во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски. Сите оние кои поседуваат блок-билети можат со истите да присуствуваат на натпреварот, но ќе бидат прераспределени во блок М15“, велат од МКФ.

Натпреварот меѓу Македонија и Косово се игра на 12 август со почеток од 20,30 минути.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1