Монструм: На бебето му го здробил черепот, па го заклал, а сопругата ја претепал пред да ја заколе


Пред да го пресече гркланот на четиримесечната ќерка, крвникот Арпад Сабо (28) со силен стисок на раката на детето му ги скршил двете коски од темето на главата, соопшти вештакот вчера на продолжението на судењето на Сабо за убиството на Славица (24) и бебето Николина во Ветерник во август минатата година.

Обвинетиот Сабо, како и на првиот претрес, ниту вчера не сакаше да ја изнесе одбраната. Тој во судницата влезе ладнокрвно, не покажувајќи ни трошка каење, а и никаква реакција не покажа ни кога судскиот вештак говореше за смртоносните повреди кои и ги нанела на четиримесечната ќерка.

-Темето од главата, попречно долж скршениците на коските е обвиен со крв. Двете темени коски се скршени, преломот е линеарен, се простира попречно преку темето и ги зафаќа двете темени коски. Тоа значи дека обвинетиот ќеркичето од четири месеци прво го стиснал силно со рака по темето, а потоа со нож и го пресекол гркланот, стои во наодот на судските вештаци.

Потоа судскиот вештак Раденко Вуковиќ објасни дека Сабо при апсењето ниту во крвта ниту во урината немал алкохол, што значи дека монстуозното злосторството го сторил во трезна состојба.

Да потесетиме, во обвинението се наведува дека Арпад свесно ја убил сопругата и детето. Таа ноќ меѓи 15 и 16 август минатата година, прво ја убил Славица, и тоа така што во бањата од станот почнал да ја удира по главата и телото. Потоа го зел кујнскиот нож со сечиво од 20 см и на Славица и задал три убодни рани во вратот, но тука на запрел туку продолжил да и го касапи гркланот, ѕидот на ждерелото и крвните садови.

Потоа обвинетиот отишол до детското креветче во кое спиела четиримесечната Николина. Прво со рака и го скршил темето од главата, а потоа со истиот нож со кој ја убил Славица, и го пресекол вратот.

Продолжението на судењето е закажано за 20. октомври.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1