На девојка и ја шиеле главата по синоќешниот напад во кафуле во чаршија


Девојка на возраст од 26 години и 18-годишно момче биле повредени во синоќешниот напад во ноќниот локал „Дамар“ во Старата скопска чаршија каде се одбележуваше двегодишнина од отворањето на Центарот за поддршка на ЛГБТ. Девојката била повредена во главата, а момчето се здобило со набиетина во ногата, по што веднаш биле пренесени во Ургентен. На К.Д. и била шиена главата, а момчето со иницијали Е.Л. било прегледано, снимано со рентген, по што и двајцата биле пуштени на домашно лекување.kafana damar

Инцидентот се случил синоќа во 22 часот кога засега непознати сторители фрлале камења по објектот и ги искршиле стаклата. Во меѓувреме на мрежата Фејсбук се појавија статуси кои ликуваат по синоќешниот напад. На групата која го најавува прославувањето на годишнината во „Дамар“, еден корисник отворено кажува дека предупредил на овој инцидент и се заканува со ново насилство.

„Неодамна (4 Јули, 2013) на ФБ групата Macedonia предупредив дека следниот пат (а тоа беше овој пат) ќе има предупредувачки ќотек, и сега повторно ќе предупредам дека следниот пат (ако воопшто го има) ќе биде уште многу полошо, поготово по главата на организаторите! Сега тие треба да се пазат многу повеќе од вас затоа што ќе нема да се сокријат“, пишува на неговиот статус упатен кон ЛГБТ активистите.

„Вечерва го нападнале Дамар затоа што внатре имало хомосексуалци и лезбејки. Утре може ќе нападнат некое место затоа што внатре има Албанци, или Македонци, или Срби, или православни, или муслимани, или атеисти, комунисти, социјалдемократи, синдикалисти, самохрани мајки, дијабетичари…Утре можеби и тебе ќе те нападнат затоа што не си како нив и ги нервираш. А, сигурно ќе те нападнат ако ќутиш!“, порача активистот Васко Лазаревски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1