Неуспешен обид за киднапирање на Лана Дел Реј


Едно лице било уапсено поради сомнеж за киднапирање на Лана Дел Реј

Маж по име Мајкл Хант веќе подолго време ја следи популарната пејачка. А како пренесуваат странсите медиуми, во петокот планирал да ја киднапира. Полицијата на време реагирала, па трагедијата е спречена

Полицијата го приведе недалеку од Амвеј Цетра, место каде што таа вечер Лана настапуваше и во себе имаше нож и карти за тој настап – пренесуваат странските медиуми.

Во соопштението, полицискиот оддел на Орландо истакнал дека за време на неговото апсење тој во себе имал карти за концертот и нож.

Хант никогаш не стапил во контакт со Лана Дел Реј, а сега е во притвор во затворот кој се наоѓа во округот Оринџ.
Пред неговото апсење, имал напишано сомнителни статуси на социјалните мрежи кои дополнително и укажале на полицијата дека постојат шанси за киднапирање на пејачката.

Хант често го користел својот Facebook профил за да ја истакне својата опсесија со неа.
-Сакам да ја видам мојата кралица во петок и од тој ден нашите одлуки ќе бидат како една, напишал тој на својот профил на 30-ти јануари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1