Нимиц потврди – Предлог за името е на маса – им го кажал на преговарачите (Видео)


Амбасадорот Метју Нимиц по денешната средба во Њујорк изјави дека на претставниците на Македонија и на Грција во разговорите за спорот за името им изнел нови идеи и размислувања, кои очекува двете земји сериозно да ги разгледаат.

metju nimic– Идеите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се фокусираат на ова прашање. Нема да ви изнесувам детали. Покрај овие средби, имаме интензивна комуникација, некогаш лично, некогаш во Европа, некогаш телефонски. Добив многу реакции по последната рунда разговори, и се обидувам да ги рафинирам идеите. Имавме дискусија и на двете страни им претставив нови идеи од моја страна кои амбасадорите Јолевски и Василакис ќе ги пренесат на нивните влади, кои се надевам внимателно ќе ги разгледаат. Навистина се надевам дека двете страни ќе најдат позитивни елементи во овој предлог и дека ќе се постави патот за сериозни дискусии, и да се надеваме за решение, изјави амбасадорот Нимиц  во Њујорк.

Додека не изнајдеме решение, значи дека не сме нашле решение, одговори Нимиц на прашањето дали двете страни се оддалечуваат од постигнувањето на решение за спорот.

На прашање на грчките новинари, Нимиц кажа дека следната средба може да се очекува по околу два месеца. Грчкиот посредник Василакис, по прес конференцијата, најави дека следната средба може да се очекува по 5 мај, а како можна локација го навел и Брисел.

Видео – UN web tv

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1