Нова бомба на Заев – Буџетот (Видео)


Рековме дека секоја следна информација ќе биде пошокантна од наредната. Денеска ќе слушнете зошто  Никола Груевски и Сашо Мијалков имале потреба да ги прислушкуваат и тие од најтесното окружување.

Ќе чуете зошто Јанкулоска и Ставрески се најприслушкуваните министри, ќе слушнете како Груевски среде ноќ издавал наредби на министри да работат незаконски. Станува збор за налози за подигање кредити од странство, за градење споменици, кога на коцка биле платите на администрацијата.zaev sdsm

Ова се признанија од Ставрески и Јанкулоска, кои ќе потврдат се за што предупредуваме. Ова се разговори водени во текот на ребалансот на буџетот за 2012 година и за проекциите за буџетот за 2013 година.

Тоа го порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата во седиштето на СДСМ, на која обелоденува нови снимки од прислушкувани разговори.

Заев на денешната прес-конференција најавил објавување на четири разговори, во кои министрите наводно признаваат дека приходите на државата се катастрофални.

Заев додал и дека вицепремиерот Ставревски среде ноќ примал наредби од премиерот Никола Груевски, за подигнување на милионски кредит. Лидерот на опозицијата додал и дека Ставрески одбил финансии од ИПАРД програмата, за да не се дознае дека државната каса е празна.

ВИДЕО на следниот ЛИНК 

 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1