ОДМАЗДА НА МОЌНАТА СИЛА – Путин тргна во уништување на главниот град на ИД


Владимир Путин не чекаше долго. Веднаш откако ја прими службената потврда дека рускиот авион е срушен со бомба, претседателот издаде наредба да се тргне во бомбардирање на главниот град на таканаречената ИД Ракa.putin avioni

Веста стигна од еден член на француската влада кој не криеше дека е воодушевен што Путин конечно сватил кој е непријател број 1 во Сирија.

„Во овој момент во тек е силно руско бомбардирање што е доказ дека стануваат свесни за заканите кои ги претставува ИД“, вели изворот кој сакал да биде неименуван.

Русите за тоа претходно ги информирале Американците. Можно е нападите да биле изведени и со стрелање ракети од море и со бомбардери со голем опсег на дејствија.

Франција, исто така,  ја бомбардира Рака во текот на изминатата ноќ, вторпат во последните 24 часа.

Истовремено, воената коалиција предводена од САД, извела 23 воздушни напади врз цели на ИД во Сирија и Ирак, вклучувајќи и нафтени инсталации, што групата ги користи, информира командата на операцијата, цитирана од британските медиуми.

Во шест напади во близина на три сириски града погодени биле борбените позиции и нафтената инсталација кај Абу Камал, како и три нафтени инсталации кај Деир аз Зур.

Во Ирак, пак, во 17 напади крај шест града погодени биле мноштво цели, вклучувајќи и борбени позиции, патишта, тактички позиции и штаб на ИД во Синџар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1